НБРМ: Раст на економијата остварен е и во третиот квартал

Bez autora
Oct 28 2013

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) проценува дека во третиот квартал македонската економија остварила раст, но помал во споредба од вториот квартал (3,9 отсто) и не ја исклучи можноста од понатамошно монетарно олабавување. Во истражувањето на „Најнови макроекономски показатели - Преглед на тековната состојба“, објавено на сајтот на банката, се констатира раст на девизните резерви во третиот квартал од годинава, раст на економијата и помал трговски дефицит. Прегледот на тековната состојба има за цел да даде осврт на најновите макроекономски податоци (август-септември 2013 година) и да направи споредба со последните макроекономски проекции (април 2013 год). Последните макроекономски показатели и оцени не упатуваат на поголеми промени во согледувањето на амбиентот и ризиците во однос на оцените дадени во рамки на минатомесечните оцени. И понатаму, еден дел од показателите одат во прилог на понатамошно монетарно олабавување.

НБРМ: Раст на економијата остварен е и во третиот кварталНародната банка на Република Македонија (НБРМ) проценува дека во третиот квартал македонската економија остварила раст, но помал во споредба од вториот квартал (3,9 отсто) и не ја исклучи можноста од понатамошно монетарно олабавување.

Во истражувањето на „Најнови макроекономски показатели - Преглед на тековната состојба“, објавено на сајтот на банката, се констатира раст на девизните резерви во третиот квартал од годинава, раст на економијата и помал трговски дефицит.

Прегледот на тековната состојба има за цел да даде осврт на најновите макроекономски податоци (август-септември 2013 година) и да направи споредба со последните макроекономски проекции (април 2013 год).

Последните макроекономски показатели и оцени не упатуваат на поголеми промени во согледувањето на амбиентот и ризиците во однос на оцените дадени во рамки на минатомесечните оцени. И понатаму, еден дел од показателите одат во прилог на понатамошно монетарно олабавување.

Во однос на реалниот сектор, расположливите високофреквентни показатели за третото тримесечје покажуваат дека економијата и натаму ќе расте, но веројатно послабо во однос на вториот квартал. Монетарните показатели, според последните податоци за септември упатуваат на значаен ризик за остварување на проектираните кредитни текови за третото тримесечје и до крајот на годината.

Вкупната инфлација постојано се движи по проектираната патека, а последните оцени повторно покажуваат врамнотежени ризици околу проекцијата за инфлацијата за 2013 година. Показателите за економската активност покажуваат дека економијата ќе забележи раст и во третото тримесечје (најверојатно послаб од оној во вториот квартал), за кој и понатаму не се очекува дека ќе создаде нерамнотежи.

Кредитниот раст е под проектираниот, во услови на сѐ уште присутни согледувања за ризик. Податоците за денарското и девизното штедење покажуваат одржување на склоноста за штедење во денари, а последните преземени мерки за зголемување на задолжителната резерва во девизи може дополнително да придонесат во оваа насока. Притоа, склоностите за денарско штедење сѐ уште се поголеми во однос на оцените вградени во априлските проекции.

Фактори коишто упатуваат на потреба од поголема претпазливост при водењето на монетарната политика и понатаму постојат. Ова во голема мера се однесува на неизвесното надворешно окружување, при повторно надолно ревидирање на цените на металите на светскиот пазар, што може да има неповолни ефекти врз надворешната позиција на македонската економија. Воедно, и покрај врамнотежените инфлациски ризици кај вкупната инфлација, базичната инфлација на месечно ниво забрза и сѐ уште се одржува на релативно високо ниво, сигнализирајќи поголеми пренесени ефекти од растот на цените на храната и енергијата врз останатите цени во економијата.

„Прегледот на тековната состојба“ има за цел да даде осврт на најновите макроекономски податоци за периодот август-септември и споредба со последните макроекономски проекции од април оваа година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik